(ВИДЕО) 360°: ЕУ и НАТО сериозно загрижени за состојбата во Македонија

Во очекување на следните чекори од политичките актери во земјава, во Брисел, од седиштата на Европската унија и на НАТО уште еднаш беше порачано дека мнозинството од 67 пратеници во Собранието мора да се почитува и дека Ѓорге Иванов треба да му го додели мандатот на Зоран Заев. Западните партнери го анализираат и однесувањето на Русија во актуелните настани во регионот и имаат порака и за официјална Москва. „360 Степени“ беше во Брисел и од таму Владимир Мирчески изворно ги пренесува последните ставови на Унијата и Алијансата. Тој разговараше со дел од шефовите на европските дипломатии и со претставник на раководството на НАТО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e