(ВИДЕО) 360°: Беџети и Јовановски: ЕУ и НАТО конечно сфатија со кого си имаат работа

Вашингтон, Брисел, Берлин и Лондон реагираа по одлуката на Иванов со барање тој да ја исполни обврската и почитувајќи ги демократските принципи да му го довери мандатот на лидерот на партијата која го има парламентарното мнозинство. Освен тоа, тие очекуваат политичките лидери да се однесуваат трезвено и да не поттикнуваат меѓуетнички тенизии кои би можеле да предизвикаат геополитички конфликт. Во светлина на овие пораки и на актуелните политички случување во Македонија, во 360° со Васко Попетревски дебатираат новинарот Борјан Јовановски и академик Абдулменаф Беџети.

Според Јовановски, ЕУ и западните земји конечно сфатиле дека причина за проблемите во Македонија не се меѓупартиски, туку се должат на авторитарно владеење кое поттикнува конфликти од меѓуетнички карактер за да ја заштити својата позиција. Тоа, според него умешно го користи Москва, која за да ја попречува интеграцијата им дава поддршка на тие лидери. За Јовановски, Груевски е свесен дека е изолиран и затоа прибегнува кон сценарио во кое тој ќе ја запали куќата а ќе биде единствениот што има пристап до водата.
Беџети смета дека е разбирлива загриженоста на ЕУ и на НАТО за состојбата во Македонија бидејќи политичката криза прераснува во безбедносна и таа може да ја загрози стабилноста и сигурноста во целиот регион. Беџети оцени дека однесувањето на Иванов е неприфатливо и дека тој без исклучок треба да го даде мандатот за формирање реформска влада. Според него, Заев во овој период покажал исклучителна смелост да се движи меѓу двата националистички екстрема, а токму сега на Македонија и е потребно храбро лидерство кое ќе ја придвижи и кон ЕУ и кон НАТО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e