– Ако се ова такви многу јасни императивни принципи на меѓународната заедница, извесно е дека ЕУ и на САД нема и не можат да поверуваат на некакви пропагандни флоскули што ги продаваат пратениците на ДПМНЕ. Ако тоа се каже еднаш, два пати, три пати и тие се прават како да не сфаќаат за што се работи, иако јас мислам дека тоа е чиста глума, едноставно речено, Стејт департментот сметал дека треба да ги каже најнајотворено работите и да ги зачини со малку индивидуална закана. Таа индивидувална закана, според мене, е сосема сериозна и едноставно, овие луѓе, според мене, би морале да ги сватат овие пораки – вели во емисијата 360 степени, претседателот на македонската дипломатска служба, Сашко Тодоровски.