Напаѓачите на Зијадин Села вчеравечерта беа спроведени пред Кривичниот суд. Распитот таму траеше четири и пол часа, по што по полноќ беа изнесени со лисици на рацете и однесени со комбе, пренесе ТВ24.
Судија на претходна постапка им одреди 30-дневен притвор на таткото и синот и тие се спроведени во затворот во Шутка.
Двајцата осомничени се товарат за обид за убиство што е најтешко кривично дело досега што е класифицирано за учесниците за упадот во Собранието.
На повеќе видео снимки од безбедносните камери во Парламентот се гледа како тие го удираат Села во лицето, посочуваат од МВР. Патики со траги што личат на крв, облека и мобилни телефони биле пронајдени при претресот во домот на таткото и синот.