(ВИДЕО) 24 Отворено: Дали ќе се конституира Собранието пред доаѓањето на Хан?

Ако има волја може брзо да се конституира Собранието и оваа фаза да биде решена пред доаѓањето на еврокомесарот Хан, изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов на дебатата на 24 Отворено.

ДУИ не донеле партиска одлука која би елиминирала некоја партија дали да биде или не дел од Владата. Ќе се водиме од пораката на еврокомесарот Хан за солидна, реформска Влада, рече Теута Арифи од ДУИ.

Поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов вели дека постои опасност кризата да се прелее на улиците, но сите соговорници се согласни дека борбата треба да се води институционално.

Андов порачува дека на Македонија и треба меѓународна помош и поддршка, политичките проблеми не може да ги решиме сами.

Во 24 Отворено Теута Арифи, Петре Шилегов и Стојан Андов дебатираа на прашањата ќе се состане ли парламентарното мнозинство за да избере претседател на законодавниот дом? Кога Македонија ќе добие функционална Влада? Дали протестите може да прераснат во немири? Како Македонија да се врати на евроатланскиот пат?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e