Играта на нерви се чини нема крај – Али Ахмети е на потег, но тој никако да го направи… Бараниот пакет го доби, во него никој официјално не кажува што има, но според јавните прозивки меѓу високи функционери не тоа што го очекуваат дел од сопартијците на Али Ахмети… Потпретседателската тројка не крие дека за нив решението е коалиција со СДСМ, дел од избраните пратеници пак јавно им порачаа ако не избоксуваат целосна еднаквост да не се шетаат по штабови… Додека ДУИ најавува состаноко кој ќе трае и трае, државата во заложништво на нивната одлука… Колку калкулацијата на Ахмети и кавгите во Мала Речица се договорено сценарио за нови избори, зошто би го направиле тоа кога на глава им висат анкети кои не се во нивна полза, зошто се плаши Ахмети да пресече… Во 24 Анализа на ТВ 24 дебатираат универзитетските професори Ненад Марковиќ и Ќашив Бакиу и колумнистот Тодор Пендаров.