Наместо да го спречат – го овозможија, наместо да реагираат – беа соучесници, наместо да заштитат – немо набљудуваа. Крвавиот пир во собранието, со полициски печат.
Извештајот на МВР стигна во рацете на ЈО од организиран криминал, ќе има ли одговорност за единствениот кој што не дал исказ пред работната група и кој директно беше прозван како виновен – директорот на БЈБ, Митко Чавков и ќе има ли командна одговорност и кривична одговорност по вертикала?
Во МВР суспензии и дисциплински постапки, Чавков на одмор. Во Основното обвинителство, пак, течеат повеќе постапки и распити, сведочат новинари, но активно се работи и на крвничкото тепање на Зијадин Села.
Во 24 Анализа гостуваа експертот по безбедност Владимир Пивоваров, поранешниот функционер во БЈБ Љубомир Ѓурчевски и адвокатот Туше Гошев.