Еврокомесарот Jоханес Хан замина – но остави јасна порака: Не си играјте со оган, време за губење – нема. Претседателот Иванов итно да ја преиспита својата одлука… Ќе се премисли ли Иванов откако ќе добие допис од претседателот на собрание, чиј избор се очекува… ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од нови избори или малцинска влада… Ќе има ли разрешница на кризата или ќе тонеме уште подлабоко, загрозена ли е препораката за членство во унијата? Во 24 анализа, гостуваат универзитетскиот професор и поранешен министер Љубомир Фрчковски и Имер Селмани, поранешен министер.
Фрчковски: Протестите се за одбрана на Пабло Ескобар
Селмани: Повикот за малцинска влада е провокација за Албанците….