(ФОТО) Вице Заев бара 500 евра од Николоски: Го навредил и му нанел душевна болка

Денеска се одржа подготвително рочиште по тужбата на Вице Заев, братот на премиерот Зоран Заев за Александар Николовски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Заев го тужи Николовски за навреда и клевета за изјава дадена на гостување во „Отворено студио“ на „1ТВ“ на 24 октомври лани и бара оштета од 30.000 денари (500 евра).

Николовски наводно рекол дека братот на премиерот станал бизнис фактор во државата благодарение на наместени тендери.

nikoloski-vice-sud-525x700

На рочиштето Заев не се појави, неговите ставови ги брани адвокатот Горан Заев кој му е роднина. Во тужбата, Вице Заев тврди дека Николовски со клеветата изнел невистинити факти, штетни за честа и неговиот углед. Како што стои во тужбата, изјавата на Николовски е невистинит факт, бидејќи Вице Заев е докажан стопанственик во Македонија и ниту имал наместено тендери, ниту е главен бизнис фактор во државата. Изјавите на Николовски резултирале со чувство на вознемиреност, напнатост и намалено расположение, пропратено со вегетативна симптоматологија, потење и црвенило на лице кое нешто предизвикало силна душевна болка кај него“, објави Сакам да кажам“.

Фото: Курир

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e