Новото раководство на СДСМ уште од самиот почеток кога ја презема партијата, во средината на 2013 година, најаваше дека слободата на медиумите е една од клучните работи за нормална и демократска држава, гласот на народот и коректив на власта.
Изминативе 11 години од власта на ВМРО – ДПМНЕ и Никола Груевски беше покрај другото, позната и по тоа дека никогаш не излегуваше на дуели со политичкит противник и против медиуми кои би поставувале критички прашања, па така Груевски често можеше да се види сам во медиумите како Сител, Алфа, Канал 5… , кои важеа за медиуми кои силно беа на страната на ВМРО – ДПМНЕ.
Новиот премиер на Р. Македонија, Зоран Заев очигледно е решен да ја промени оваа пракса и вечерва има закажано “дуел” со уредници на 10 медиумски куќи каде на првиот програмски сервис на Македонската радио телевизија ќе се обиде да одговори на сите прашања во врска со функционирањето на новата влада.
Отвореното студио започнува во 20.15ч. и ќе трае некаде до 22.30ч.