„На сите мои пријатели во Македонија и другите – кои живеат во земји каде што демократијата не е добро разбрана или е запоставена од страна на оние кои се на власт. Многу благодарам за топлата поддршка во 2016 година и за 2017 година: Не се откажувајте од надежта дека демократијата е можна, не се откажајте од својата верба во подобра иднина. Ги повикувам оние кои се таму за да ви помогнат на тешкиот пат напред, вклучувајќи ги и претставниците на меѓународната заедница, да бидат поотворени и да обезбедат поефикасна поддршка на нашиот заеднички сон. Заедно можеме! Топол поздрав, Петар“- напиша Ванхауте на Фејсбук.