Ванхауте: Груевски не направи влада затоа што не беше способен да направи компромис

Интересен развој: лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски не успеа да формира нова влада, коментира белгискиот посредник Питер Ванхауте.

„Не успеа поради тоа што не беше способен да издејствува здрав компромис со албанските партии, главно ДУИ, земајќи ги предвид нивните барања. Да, јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ сака да владее, но под нејзини услови, сметајќи ја албанската заедница како граѓани од втор ред – потребни им се за кворум, но би оделе без нив ако можат.

Сега, само можеме да чекаме претседателот да одреди друг да ја формира владата. Иако во Уставот не е наведено детално, јасно е дека, во линија со меѓународно прифатените демократски стандарди, мандатот сега треба да и се даде на втората партија на листата.

Груевски не преговара како поединец, туку како шеф на ВМРО-ДПМНЕ, претставувајќи ја партијата во преговорите за формирање нова влада. Сега, да се одреди некој друг од истата партија би била тешка грешка, против духот на Уставот, против демократските стандарди, и ќе резултира само со натамошни одлагања. Ако претседателот одреди некого од истата партија повторно, тоа ќе биде јасен сигнал дека тоа е можност за нови избори, заедно со претстојните локални – сонувајќи дека така ќе ги добијат на двојни избори.

Сувереноста е една работа, но меѓунардоната заедница, вклучувајќи ја ЕУ, не треба да остане тивка ако основните демократски стандарди не се почитуваат. Да не заборавиме дека Македонија се уште има амбиција еден ден да стане членка на ЕУ и НАТО, две организации во кои демократските стандарди се пресудни за секој кој сака да се придружи“, пишува Ванхауте.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e