Добро упатени извори, блиски до раководството на ДУИ, за Либертас укажуваат на валкано сценарио на Али Ахмети кое го крие дури од своите потпретседатели на партијата и од централното претседателство, пишува Либертас.
Обидувајки се да ја исполни амбицијата на мал број луѓе од ДУИ и направи коалиција за формирање на влада со ВМРО-ДПМНЕ, наспроти мнозинството во ДУИ и очекувањата на граѓаните и гласачите на ДУИ, тој одлучил да испорача валкано сценарио со што ќе предложи до Собранието, закон за заштитени сведоци и закон за продолжување на мандатот на СЈО.
Ахмети многу добро знае дека ќе ја има подршката на СДСМ и коалицијата за ваквите закони. На тој начин ќе се обиде да остане на своите принципиелни ставови и да ги исполни предусловите донесени како одлука на централното претседателство на ДУИ, а истовремено ќе му помогне на криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ да се одржи на власт.
Изворите на Либертас велат дека се згрозени од фактот дека на тој начин на подолг рок ќе ја упропасти иднината на државата но и иднината на ДУИ. Истите тие извори жалат заради фактот што се уште Ахмети не може да се ослободи од контролата која врз него ја има Артан Груби и уште неколку поединци.
Според нивните сознанија, ова нема да помине на централно претседателство од причини што огромно мнозинство се против коалиција со Никола Груевски.
Извор: Либертас