Утрово најстудено е на Попова Шапка каде измерени се -3 степени.
Следуваат 0 степени во Лазарополе, 1 во Kрушево, Маврови Анови, Ѓуриште, 2 во Пожаране, 3 во Крива Паланка, Претор, Берово, Тополчани, 4 во Охрид, Битола, Прилеп, Виница, 5 во Штип, Тетово, Куманово, 6 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Струмица, Велес, Кавардарци, Демир Капија, 8 Гевгелија.
Најмногу дожд имало во Крива Паланка каде се измерени 39 л/м2, а тука се и 26 л/м2 Виница, 23 л/м2 Берово, 20 л/м2 Скопје – Петровец, 19 л/м2 Струмица, 18 Гевгелија, Демир Капија, Штип, 17 Кавадарци, Прилеп, 14 Ѓуриште, Тополчани, Куманово, Велес, 13 Крушево, 10 Попова Шапка, Претор, Охрид, 6 Скопје – Зајчев Рид, Битола, Пожаране, Тетово, 5 Радовиш – Пожар, 4 Лазарополе, 1 Маврови Анови.
Најмногу снег има на Попова Шапка 31 см, додека пак 2 см е во Маврови Анови.
Претежно облачно, во источните делови со повремен локален дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините слаб снег. Попладне во западните делови облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.
