Утре средба Заев – Ахмети. Очекуваат брзо да се заврши се!

„Сè уште нема преговори. Утре ќе се одржи средбата меѓу ДУИ и СДСМ.

Верувам дека ќе се одвиваат добро“ – вели Ахмети.

Откако  лидерот на СДСМ, Зоран Заев го доби мандатот од претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, почнаа да течат преговорите за состав на нова влада.

Според информациите, преговорите влегуваат во сериозна фаза.

Од СДСМ велат за десетина дена ќе биде постигнат договор со коалициските партнери околу распределбата на министерските позиции.

Заев преговорите за формирањето на владата ги започна вчера веднаш по добивањето на мандатот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e