Утре Прес конференција на СЈО во 12ч

Специјалното јавно обвинителство за утре во 12 часот најави прес конференција.

Од таму не ја соопштуваат темата на пресот. Инаку, СЈО има рок до 30 јуни за отворање истраги и за поднесување обвиненија за случаите што се поврзани и кои произлегуваат од „бомбите“ на СДСМ, односно од незаконското следење на комуникациите.

Според законот, СЈО има 18 месеци „од преземањето на предметите“ за отворање или затворање на истраги и на обвиненија. Обвинителството предметите и материјалите од Јавното обвинителство и од СДСМ ги презеде на двапати, на 4 декември 2015 година и на 30 декември 2015 година.

Обвинителката Катица Јанева во повеќе наврати побара продолжување на рокот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e