Уште една жртва на гинекологот монструм: Ми направи лажен зафат и рече да не се вознемирувам околу документ кога во себе „имам ембрион“

Ми рекоа да не се вознемирувам околу документ кога во себе имам ембрион. Ми ја погодија слабата точка. Се радував, бев пресреќна што конечно успеав да стригнам до ембриотрансфер. Постојано го галев стомакот надевајќи се дека ќе забременам – изјави за Либертас уште една од жртвите на гинекологот Н. Дамчевски (вработен на Клиниката за гинекологија и акушерство) кој девет месеци брутално, вон секаква лекарска етика и одговорност ја лажел својата пациентка дека е бремена.

Жената, чиј идентитет и е познат на редакцијата, објасни дека токму поради тоа што немала документ со години молчела за случајот.

Нејзе и бил направенa лажна ин-витро фертилизација.

-Кога дојде денот на ембриотрансфер ме припремаа во сала и дoкторот и рече на сестрата „Дај ми го шприцот“. Шприцот беше голем, но мислев така треба, не знаев како е правилно. Се случи лажниот трансфер ме оставија да лежам во сала повеќе од еден час сама иако горе имав соба јас лежев во сала – изјави жената и додаде дека веднаш по зафатот на нејзиниот сопруг му било наплатено „на рака“. Докторот образложил дека „не му работи фискалната машина“ и заминал.

Кога ја замолила сестрата која асистирала да и даде документ била одбиена.

-Сестрата ми рече „Не можеме сега, ќе ти дадеме кога ќе дојдеш за да испитаме бета. Лежев две недели со надеж дека ќе успеам да забременам – ја раскажува жената својата трауматична приказна.

-Не ми дадоа ништо, никаков документ. Тоа само ми ги разгоруваше сомнежот. Ме фати неспремна. Требаше да ми биде прв транфер и не бев искусна. Но многу работи беа сомнителни, Освен тој доктор и сестрата, немаше никој друг, како на пример ембриолог или биолог.Нема логика да се прави ин-витро фертилизација без ембриолог и биолог. Постојано го галев стомакот надевајќи се дека ќе забременам – вели соговорничката.

Кога дошол термин за проверка, докторот и рекол да не доаѓа и потоа не можела да го добие.

Либертас

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e