Уште една непроспиена ноќ за истражителите на СЈО, кои се изјаснија дека нема да си заминат од зградата на Управата за безбедност и контраразузнавање се додека не ја извршат судската наредба, според која треба да ги земат податоците за прислушувањето.
Последните информации беа дека најдоцна денеска ќе ги добијат компјутерските податоци кои телефонски броеви биле внесени во системот и кој бил прислушуван.
Изговорите за неспроведување на судската наредба беа дека без единствените двајца техничари, вработени во УБК, кои можат да управуваат со системот за следење на комуникации не можат да се добијат овие документи. Овие двајца техничари, биле на патување, а кога ќе се вратат во земјата знае само директорот на тајната полиција, кој им го потпишал налогот за пат.
Извор: Телма
За поврзани вести продолжете надолу
