Уште една кривична пријава за судијата Владимир Панчевски

До скопското Јавно обвинителство денеска е поднесена уште една кривична пријава за поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1-Скопје, Владимир Панчевски за сторена злоупотреба на службената положба и овластување.

Настанот за кој е пријавен Панчевски се случил во март 2012 година кога Кривичен совет кој што го сочинувале судиите Сандра Крстиќ, Моника Бахчовановска и Верка Петковска, на седницата која се одржала на 22 март донел решение со кое жалбата ја отфрлилњ како ненавремена со образложение дека жалбата била испратена како препорачана пратка на 20 март, но веќе на втори април Владимир Панчевски со допис го известил жалителот дека пратката, за која Кривичниот совет веќе се произнел, воопшто ја нема во судската евиденција за прием на пратки.

За поднесителот на кривичната пријава не постојат дилеми дека жалбата била испратена и дека е навремена, бидејќи Кривичниот совет расправал по неа, а Панчевски тврди дека немало никаков прием.

Со најновата кривична пријава драстично му се намалени шансите на Владимир Панчевски да добие нов претседателски мандат.

Неговото име денеска беше споменато и од Специјалното јавно обвинителство како еден од оние судии кои вршат активна опструкција во работата на СЈО, односно како судија кој не одобрува барања за претреси на осомничени лица.

Макфакс

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e