Урко е избран за претседател на Кик Боксинг федерацијата на Македонија

На вонредна седница, Кик Боксинг федерација на Македонија за свој нов претседател го избра поранешниот шеф на обезбедувањето на Никола Груевски, Дејан Митровски – Урко.

-Го сакам кик боксот, ќе работам чесно и достојно во согласност со Статутот на КБФМ за доброто на кик боксот и за негово издигнување на уште повисоко ниво. Веќе работиме на подобрување на меѓу  клупските и меѓу тренерските односи, за сите заедно да дадеме свој придонес кон зајакнување на колективот помеѓу клубовите во федерацијата, кој ќе вроди со продуцирање на поквалитетни натпреварувачи и постигнување на уште поголеми резултати како на домашни така и на меѓународни првенства, изјави Митровски на првата седница на новиот Извршен одбор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e