Униформата на Армијата на Република Македонија се распаѓа. Таа е целосно испокината и нема место каде да се крпи веќе од што е излитена. Независно од тоа дали станува збор за таа набавена од Турција, или за другата, шиената во Тетово, униформата е и тотално избледена. Според некои од фотографиите што беа испратени во нашата редакција, речиси и да ги нема препознатливата боја и шарата.
Но, најстрашна е состојбата со војничките чизми, особено сега во зима, реагираат професионалните војници до САКАМДАКАЖАМ.МК.
„Чизмите ни се целосно уништени и скинати, пропуштаат вода, кал и снег. Кога сте со часови и денови на граница или на друга задача, тоа е неподносливо и крајно понижувачки. Нема што да облечеме. Нови чизми нема. Сами да купиме е забрането, зашто не се ова зелените долни маички за под униформата што не тераат старешините сами да ги обновуваме. Чизмите се гледаат, мора да бидат унифицирани. Според прописите, тие не смее да бидат различни и треба на секои две години да ни ги обновуваат. Но, тоа не се прави. Ни велат носете ги тие што ги имате. Срамота е веќе. Срам ни е кога треба АРМ да ја претставуваме во странство или пред странски делегации. Ни ‘А’ веќе не остана од АРМ“, револтирани се професионалните војници со кои разговаравме.
Друга работа што сами ја купуваат покрај маиците, чорапите и други парчиња што не се гледаат под униформата, велат, се футроли за пиштолите.
„Јас морав сам да си купам футрола за пиштолот, бидејќи армиската ми се скина, а нова не ти даваат. Старешините ни велат нема футроли. Со години ништо не е набавено од опремата на АРМ. Но јас ако го изгубам пиштолот, ќе одговарам. Затоа, им се бендисувала или не футролата што сам си ја купив, јас морам да ја носам“, вели друг војник.
Војската е револтирана и поради тоа што два и пол месеци ѝ доцнат дневниците.
Целиот прилот прочитајте го тука