УЈП: „Мој ДДВ“ не се укинува, налозите за исплата се подготвуваат

Управата за јавни приходи ги демантира информациите дека се укинува мерката „МојДДВ“. Од УЈП велат дека не постои одлука за нејзино укинување и дека мерката продолжува да се спроведува континуирано.

„Јасно и недвосмислено истакнуваме дека не постои одлука за укинување на ‘МојДДВ’. Мерката се спроведува редовно, а средствата за нејзина реализација се предвидени во Буџетот за 2026 година“, соопштија од УЈП.

Апелираат граѓаните да не наседнуваат на шпекулации и да ги следат исклучиво официјалните информации и соопштенија на институцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e