Училиштата во Велес започнаа во ладни училници

Прес конференција,
Марјанчо Јорданов, секретар на ОО СДСМ Велес
25.01.2017 година

“Второто полугодие во училиштата во Велес започна во ладни училници, со млаки радијатори и со многу испукани цевки. Има реакции од многу родители дека децата на училиште седат со јакни на часовите.

Освен што не се затоплени училниците, целосно незатоплени се и ходниците низ коишто се движат децата и спортските сали во кои треба да вежбаат и спортуваат.

Во средното економско училиште, на третиот кат и во спортската сала нема затоплување поради пукање на цевките на радијаторите, од системот за затоплување.

Во ООУ Блаже Конески спортската сала нема затоплување, па не се реализира наставата по физичко воспитување.

Во ООУ Васил Главинов нема затоплување во ходниците и подрумските простории, каде секоја година има поплави.

Не може градоначалникот Чадиев да седи во својот топол кабинет, додека учениците мрзнат.

Бараме од градоначалникот Чадиев да интервенира и да се обезбеди соодветно затоплување на училниците и училиштата.

Овие проблеми се резултат на неодговорното владеење на досегашната власт. Затоа граѓаните избраа промени.

Потребни се нови власти кои ќе се грижат за учениците и кои ќе ги решаваат реалните проблеми на граѓанитe” вели Јорданов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e