Уапсени напаѓачите на Зиадин Села

Утрово се приведени едни од главните тепачи на пратеникот Села, јавува Алсат-М. Се работи за Кире Георгиевски и неговиот татко. Според МВР, на снимките од крвавиот четврток јасно се гледа како Кире го влече пратеникот Села по ходниците во Собранието, јави агенцијата Макфакс.

По претресот во домот на Кире, полицајците успеале да ја најдат и да ја одземат како доказен материјал облеката која осомничените ја носеле за време на крвавиот четврток, на која сè уште имало видливи траги од крв, како и три мобилни телефони. Моментално осомничените татко и син се во полициска станица каде даваат изјава.

Предходно да даде изјава беше приведен само Тони Трајковски, еден од четворицата кои го влечеа Села по собраниските ходници

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e