Уапсен осуденик кој пред шест години пукаше на избори

Синоќа, Единицата за потраги при МВР,  уапсила двајца осуденици, кои биле барани за издржување на затворски казни.

Според информации кои ги пренесе „Фокус“,првиот бегалец бил уапсен бидејќи требало да издржи затворска казна од 1,5 година,  а вториот бегалец бил осуден на казна затвор од 9,5 години.

Според нашите сознанија, вториот бегалец е А. О. кој цели пет години вешто се криел од полицијата. Тој бил осуден за пукање пред изборачко место пред шест години, а наводно пукал и кон Беќир Асани од ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e