Како што неофицијално дознава ТВ21, Ваљон Беља му се јавил на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу со кого побарал да оствари средба во Топанско поле, кај маркетот Принц.
Како што дознава телевизијата, економскиот директор на Клиниката за Гинекологија, му замерил на Градоначалникот за тоа што му била стопирана платата која што ја примал од општината. По ова неофицијално градоначалникот повикат други луѓе по што настанала тепачка која завршила со пукање.
Од МВР за ТВ21 велат дека денеска во 17:45 часот е пријавено дека на ул. „Лазо Трповски“ било пукано во В.Б. (40) од Скопје во пределот на десната подколеница.
Во него пукало лице кое било заедно со Е.Х., Е.А. и Р.Н.. В.Б е пренесен во ГОБ Св.Наум Охридски. Се работи на расчистување на случајот.
