,,Дечки, јас сум тука, Сеад Кочан го нема.
Нема потреба од потерници и измислици, вашите лаги се пробиени и разобличени. Дел од ова што сте го навеле, веќе постои, дел никогаш нема да се случи.
Дополнително, мека форма на конфедерација? Сериозно? Знаете воопшто што значи тоа и како се изведува?
Штедете ги парите на партијата, не ги арчете џабе, ќе им требаат за адвокати, кауции, судски трошоци и слично, зашто ќе одговараат за секое кривично дело.“
Ова го напиша Ивана Туфегџиќ, пратеник во Собранието на Р.Македонија откако утринава осамнаа неколку флаери со “потерници за предавство” со фотографии од неа и од уште неколку пратеници, Стево Пендаровски, Петре Шилегов, Павле Богоевски и др.