Трудница го изгубила бебето, болницата немала лекови

Надежта на Билјана и Ристо Трајкоски дека по долго чекање и еден спонтан абортус пред две години, ќе добијат бебе, згасна откако сопругата во 5 месец од бременоста го изгубила плодот.

Сопругот Ристо обвинува дека тоа се случило поради грешка на лекарите на гинеколошкото одделение во охридската општа болница, каде Трајкоски се јавиле во саботата бидејќи трудницата се пожалила на вагинална инфекција и болки. Во текот на вчерашниот ден болките и крварењето кај трудницата се интензивирале, што било фатално за бебето, објави Телма.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e