Круме Смилков кој беше дел од Кабинетот на екс министерот за земјоделство, шумарство и водостопанско Љупчо Николовски на својот ФБ профил ја разобличува најновата прес-конференција на актуелниот дополнителен министер Цветан Трипуновски кој на својот Фб профил тврди дека Екрим побарал средба со него и се жалел дека не му се исплатени штетите.
Смилков кој е добро упатен во случајот ја открива вистината за случајот со Екрим.
Тој пишува дека Трипуновски држел прес заедно со Екрем Јаји од скопско Брњарци на кој не му биле исплатени средства за штети од поплава и како што вели до тука е ок.
Но, Екрем и Цветан го обвинуват поранешниот министер Љупчо Николовски, дека он лично не сакал да ги исплати штетите на Екрем, по сопствена воља, пишува Смилков.
„Но дали е навистина така? Зошто Цветан во очи го гледа Екрем и го лаже, го манипулира да го извади на прес. Екрем не е исплатен поради записник на инспектор од Државен инспекторат за земјоделство ДИЗ, кој констатира узурпација од страна на Екрем, а инспекторот од ДИЗ, е Марјан Атанасов, кој во моментов е кабинетски советник на Цветан. Да потенцирам, Марјан Атанасов, советникот на Цветан, е инспекторот кој прави записник дека Екрем узурпира и според тоа НЕ треба да биде исплатен за штети, а Цветан го лаже.“ – појаснува Смилков.
Цветан, утре да го повика Екрем и да му објасни, дека неговиот советник Марјан, го потпишал записникот, напиша Смилков и го сподели записникот во прилог.