Во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 14.30 часот на патот Гевгелија – Богданци животите ги загубија тројца млади жители на Богданци, а еден е повреден јавува Одделот за односи со јавност на МВР и од Општа болница – Гевгелија.
Се судриле автомобили „ауди-3“ управуван од 20-годишниот Б.Џ. од Богданци и „форд фиеста“ управуван од 40-годишниот Љ.П. од Кавадарци. Животите во несреќата ги загубиле 20-годишниот М.Ш. и 17-годишната К.П.,и двајцата од Богданци. Тие биле сопатници во „аудито“. Двајцата возачи биле пренесени во Општата болница во Гевгелија, при што возачот на „аудито“ бил во кома и имал тешки повреди, a и покрај сите напори, после повеќе од еден час бил прогласен за мртов.
-Беше донесен некаде после 15 часот во коматозна состојба, со тешки повреди. Преземавме се можно за реанимација, и повеќе од еден час, но напорите беа залудни и повредениот беше прогласен за мртов околу 16:15-16:20 часот – вели дежурниот хирург во Општа болница – Гевгелија.
Тој објасни дека другиот возач, откако му се санирани повредите, кои не биле многу тешки, е упатен на здравствена нега во Здравствен дом – Кавадарци.