Три проценти раст на БДП во третото тримесечје од 2018 година

Три проценти изнесува стапката на раст на БДП во претпоследниот квартал.

Константен раст на личната потрошувачка, индустријата, како и зголемениот извоз од 16,4 отсто и увоз на стоки и услуги од 12,6 отсто.

Но, моторот на домашното стопанство останува болна точка – градежништвото во третиот квартал се уште е во пад и тоа од 2,6 отсто.

Анѓушев повикува на трпение. Вели, „заживеани“ се проектите од последните два квартали, а резултатите од овие активности ќе вродат со плод во четвртиот квартал.

„Третиот квартал е периодот од јули заклучно со септември, а знаете дека проектите како што е aвтопатот Кичево – Охрид, првата фаза од железницата од Куманово до Бељаковце и останатите експресни патишта ги отпочнавме покасно.“ – изјави вицепремиер за економски прашања, Кочо Анѓушев.

И бизнис заедницата го дели овој оптимизам. Од Стопанската комора сметаат дека градежништвото ќе покаже позитивен тренд на крајот на годината со што ќе се поткрепи целокупниот економски раст.

„Здружението за градежништво во рамките на Стопанската комора имаше и средба со министерот Сугарески на оваа тема. Се разговараше, меѓу другото, и во делот на она што беше проблематично околу пролонгираниот рок на ревизија на ДУП-овите. Тоа се процеси кои што треба да се заокружат за да може да дојде да дојде до моментот и градежништвото да почне да генерира повисок раст.“ – изјави Биљана Пеева Ѓуриќ од Стопанска комора на Македонија.

Владата останува на ставот дека проекцијата од 2,8 отсто на БДП за оваа година е остварлива.

Првичната проекција од 3,2 проценти беше намалена, пред се, поради лошата реализација на капиталните инвестиции.

Извор: Канал 5

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e