Три пати повеќе заболени од грип годинава во однос на лани

Според последните податоци на ИЈЗ во текот на првата недела од 2026 година имало 1.725 заболени од грип, што е за 2,2 пати повеќе од претходната недела, кога имало 771 пациент.

Оваа недела во споредба со истата недела лани бројот е зголемен 5,5 пати, а во однос на просекот од последните 15 години, оваа бројка покажува зголемување од 38 отсто.

Според возраста 749 се помѓу 15 и 64 години, 618 се деца од 5 до 14 години, 229 се деца на возраст помеѓу 0 и 4 години и 129 се лица на возраст од над 65 години. Највисока инциденца е регистрирана кај деца од 5 до 14 години. Најмногу случаи има во Скопје – 716, во Тетово 339, Куманово 150, Велес – 109, Штип 60, Дебар – 50 итн.

Годинашниот број на заболени е над 3.000, за разлика од лани, кога имало нешто повеќе од 1.000, односно има зголемување за 2,8 пати.

– Со оглед на периодот во кој се наоѓаме, со празници и собирања, ова е нешто што е очекувано. Пикот го очекуваме во втората половина на овој месец и првата половина на февруари, со враќањето на децата во училиште, очекуваме дека бројот на лица кои што ќе бидат заболени со грип, или заболувања слични на грипот, ќе се зголеми – рече д-р Марија Андоновска, од Инситутот за јавно здравје.

Општите мерки за заштита од грипот се повторуваат постојано, да се избегнува престој на затоврено, особено во простории со многу луѓе, како трговски центри и друго. Да се мијат рацете често со сапун и вода. Да се избегнува контакт со луѓе кои киваат и кашлаат. Да се јаде лесна храна, да се хидрира организмот и да се внесуваат минерали и витамини.

Оние кои имаат симптоми да останат дома и да не одат на работа, децата да не се носат во училиште и во градинка, не само заради тоа да не се пренесува вирусот, туку и за нив самите кои треба да мируваат во тој период и да останат дома.

Просториите да се проветруваат, а ризичните пациенти доколку имаат потешкотии, обавезно да се јават на лекар за контрола.

Во однос на одложување на почетокот на второто полугодие, д-р Андоновска вели дека активноста која сега ја забележале е очекувана, но доколку се зголеми, ќе дадат препораки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e