Штипскиот СВР денес поднесе кривична пријава против А.Б.(42) и З.Б.(37) двајцата од Штип поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“. Пријавените во текот на 2016 година противправно изведувале градби на објекти на земјоделско земјиште во сопственост на Република Македонија во атар на с.Таринци, општина Карбинци. Тие ова земјиште бесправно го узурпирале со намера да градат и со тоа ги уништиле природните својства на недвижноста, а без притоа да обезбедат Одобрение за градење. – пишува Исток прес.
Лицето А.Б. е всушност Ангел Бојаџиев, директот на ЈП „Исар“, за кого, во штипската јавност, кружат мал милион пикантни приказни за сторени незаконитости, пишува порталот Исток прес.
Од порталот, најавуваат дека ќе го следат расплетот на овој случај и навремено ќе ја информираат јавноста за своите наоди.