Тревник, Траекторија и Талир нови истраги на СЈО. Груевски прв осомничен!

Тревник, Траекторија и Талир се новите истраги на СЈО.

Тревник – 3 лица  незаконски изградиле 3 куќи без одобрение за градба. Со сателитски снимки има докази дека куќите се започнати во 2011 а одобрение за градба добиле во 2013 со што се прекршил законот за градба со потенцијална казна затвор.

Траекторија –  најмалку 155 милиони евра оштета на буџетот за изградба на автопатот Миладиновци – Штип и Кичево- Охрид. Заобиколен е законот за јавни набавки и  националното законодавство на Кина.

Талир –  незаконско финансирање на ВМРО – ДПМНЕ. Првоосомничен е легалниот застапник на партијата, Никола Груевски. Целта било Груевски да  воспостави контрола на ниво на држава. Првоосомничениот се  товари за злоупотреба на службената положба и овластување.

Дополнителни и детални информации следуваат подоцна

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e