Transparency International бара Унгарија да го екстрадира Груевски според европски и меѓународни акти

По издавањето меѓународна потерница за  поранешниот македонски премиер, Никола Груевски, Трансперенси интернешнал и нејзините секции во Македонија и Унгарија, ги повикаа унгарските официјални претставници да го екстрадираат Груевски од Унгарија, каде што тој моментно бара азил во обид да избегне затвор од судскa пресуда  за корупција.

“Оваа ситуација е голем тест за македонската и унгарската власт и треба да се реши во согласност со унгарскиот закон”, вели Слаѓана Тасева, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија.

Во мај 2018 година, Груевски, кој работеше како премиер десет години помеѓу 2006 и 2016 година, беше осуден на две години затвор за незаконско влијание на владини претставници за купување на луксузен автомобил. Македонскиот суд го прогласил Груевски за виновен според член 359 став 2 од Кривичниот законик.

За време на истрагата и судењето, на Груевски му беа одземени пасошите од страна на судот. Поради четири дополнителни тековни случаи на корупција, во кои е вмешан и поранешниот премиер, судот бараше од него  секој петок да се пријави и тоа траеше сѐ до предминатата недела,  кога тој мистериозно исчезна од земјата.

“Двете држави треба да го поддржат владеењето на правото и Никола Груевски мора да  одговора пред институциите и граѓаните на Македонија за неговите корумпирани дела за време на премиерското време”, рече Патриша Мореира, генерален директор на Транспаренси Интернешнл.

,,На ниту еден политичар не треба да му биде дозволено да се извлече од обвиненијата за корупција, особено откако судовите јасно одлучија во корист на правдата”-вели Мореира.

,,Унгарските власти треба да дејствуваат според европските и меѓународните судски прописи и стандарди. Откако еден политичар ќе биде осуден од независен суд, ниту една од владите не треба да им обезбеди избегнување на правдата и неказнивост “, додаде Јозеф Петер Мартин, извршен директор на Транспаренси Интернешнл Унгарија.

Случаите на Груевски ги води Специјалното Јавно Обвинителство (СЈО), кое беше формирано во 2015 година по нелегалното прислушување на повеќе од 20.000 лица, вклучително и новинари и активисти од граѓанското општество. Според досегашните обвиненија , за време на неговото време, Груевски и неговите соработници пренасочиле стотици милиони евра од јавните средства собрани од народот на Македонија.

Транспаренси Интернешнл и нејзините секции во Македонија и Унгарија ги повикуваат унгарските власти да ја исполнат својата посветеност на меѓународната правда со екстрадирање на поранешниот премиер,  помагајќи на тој начин Груевски да се соочи со правда за неговите корумпирани активности.

Извор: АКО.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e