Трамп и македонските избори

Една секвенца од инаку неподносливата фриволност на Доналд Трамп се однесува на „победниците“ на последниве македонски избори – ДПМНЕ, имено, неговиот став дека изборите во САД ќе ги признае ако тој победи на нив. Слатко и јебозовно!

Значи преведено во наш контекст, Трамп би гласел вака:  изборите ќе бидат ок ако ДПМНЕ и ДУИ немаат никаква можност за составување влада.

Тоа од неколку фундаментални причини: Прва е дека не е прифатливо двете криминални политички елити кои епски ги кршеа човековите права (незаконското прислушување и политичките монтирани процеси ќе се изучуваат во Белата книга на гадости и нарушувања на владеењето на правото во историјата на источно-европската транзиција), кои ја покрадоа државата на вака драматичен начин (ДПМНЕ како најбогата партија во Европа, а фамилијата како мафијашки концерн???), партии кои ја урнисаа и концепциски ја уназадуваа меѓународната позиција на земјата држејќи ја во намерна изолација – не можат по ниту една основа да бидат актери на решавањето на таквата криза кои самите ја создадоа, ниту актери на излезните решенија! Тоа е просто и децидно како што и звучи!

Непостои странски фактор, домашен факинг експерт, ниту набљудувач кој би можел да го тврди спротивното, а да си изгледа сериозен. Нивната можна (само теоретски)  коалиција може да биде само конечно, смртоносно засилување на македонската криза со безбедносни импликации и опасност по распад на државата и ништо повеќе ниту помалку. Тоа е ризик кој никој во Македонија не може да го прифати.

Второ, наводната „победа“ која очигледно во меѓувреме со транспарентното рачно броење на гласовите во ДИК, по утврдените фалсификати на ДПМНЕ, ќе се стопи во најмалку нерешен резултат, а ако мандатот кој и е украден на БЕСА и го вратат – ќе се претвори во јасен пораз на ДПМНЕ – е премногу тесна за некакви пренемагања за „украдената победа“ и сл, односно легитимитетот на таквата приказна е целосно разнишан и во основа претставува само можно здружување на двете партии кои се најголеми губитници во овие избори: ДУИ 7 мандата, ДПМНЕ 10 мандата.

 Трето, изборите за ДПМНЕ се водени со намера гласовите од граѓанството „да им судат“ за утврдените криминали во правните постапки на СЈО? Како тоа тие замислуваат? Како тоа народот ќе пресудел сторен криминал? Како тоа народот ќе ослободел, амнестирал сторено кривично дело? Тоа што нивните гласачи не сакаат да го видат криминалот сторен во нивно име, а за  личната сметка на фамилијата (објавен во јавно презентираните тајни прислушувани разговори за кои се водат бројни кривични постапки) – не го прави тој криминал непостоечки! Она што ќе биде последица од било какво можно приближување на оваа криминална „удруга“ на ДПМНЕ до власта е притисок за укинување на СЈО. Тие сега се сметаат за легитимирани, испрани, како да добиле Папска индулгенција за гревовите и се чувствуваат засилени за оспорување на СЈО да покренува обвиненија и било кој суд да им суди. Ним им „пресудил народот“ и ги ослободил?! Тие тоа така го замислуваат и така се однесуваат!

Тоа пак би значело закопување на шансите за обнова и решавање на кризата во Македонија која, да потсетиме, може да почне само со „доделување на правда“, со пресудување за сторениот криминал како транзициски почеток на демократската обнова. Тоа исто така ќе значи целосен КОЛАПС на операцијата која ја водеа меѓународната заедница заедно со граѓанската јавност и опозицијата во овој двегодишен период за излез на Македонија од политичката криза. Тоа исто така не е прифатливо во целост како опција.

Тоа јасно треба да им се соопшти, со посочување дека секој кој повикува или извршува полициски удар и јавно насилство  ќе биде кривично гонет кога ќе му дојде редот.

Целата колумна на Љубомир Фрчковски прочитајте ја тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e