Прес конференција
Горан Трајковски, советник од советничката група на СДСДМ во Општина Делчево
Делчево, 24.02.2017
Почитувани сограѓани,
Дарко Шехтански и ВМРО ДПМНЕ, за време на четиригодишното владеење целосно ја уназадија општина Делчево. Мерките и проектите кои наголемо ги ветуваа пред граѓаните останаа неостварени и заборавени. Наместо развој и унапредување, Делчево стана општина од која граѓаните масовно се иселуваат.
Шехтански ги излажа граѓаните и вети дека општината ќе изгради првична филтер станица на браната „Лошана“. Вети дека ќе се изгради нов градски пазар и ќе се донесе проект за уредување на депонии во руралните средини. Ниту едно од овие ветувања до денес не е остварено. Исто како што не е остварена ниту реконструкцијата на ПОУ „Св.Климент Охридски” во село Разловци.
Ова се само дел од промашените и лажни ветувања со кои Шехтански со години ги лажеше граѓаните. Шехтански и ВМРО-ДПМНЕ не смеат повеќе ништо да ветуваат пред граѓаните на Делчево. По промените на парламентарните ибори доаѓаат промени и во Делчево. Општина Делчево ќе биде водена од нова одговорна локална власт која ќе работи во интерес на граѓаните и унапредување на квалитетот на живот во Делчево.