Трајковски ќе мора да се појави во Македонија, или СЈО ќе бара притвор за него

Ден и половина откако е појави аедно со пребеганиот екс-премиер Никола Груевски на аедничка фотографија во Будимпешта, Александар Трајковски, инаку советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во општина Гази Баба и вработен во Царинската управа, не се појавува во јавност за да ја потврди информацијата и да изнесе детали.

Единствено е познато дека в понеделник треба да се појави како обвинет на судењето за случајот „Насилство во Центар“, а од Специјалното јавно обвинителство најавија дека ќе побараат притвор а него доколку не се појави на истото. Понато е  тоа дека на Трајковски не му е одемен пасошот.

Од Царинската управа, каде што тој е вработен, потврдија дека од 5 декември користи боледување и дека се уште не е вратен на работното место.

Неофицијално, Александар Трајковски во вторникот изутрина со лет на „Визер“ заминал за Будимпешта за да го посети Груевски.
Од МВР нема одговор дали Трајковски ќе биде повикан на разговор за случајот со бегството на Груевски. Јавното обвинителство вели дека случајот е во предистражна постапка и затоа не може да кажат дали ќе го повикаат Трајковски на распит.

Неговата посета на Груевски не е потврдена ниту од неговата матична партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e