Трајанов: СЈО ја има нашата целосна поддршка

СЈО мора да продолжи да работи транспарентно, одговорно и професионално и има целосна поддршка да се справи со сите што ја спречуваат правдата, изјави на прес конференција пред СЈО, Павле Трајанов.

„СЈО не е дел од изборниот процес затоа треба да работи со полн капацитет. Заканите за негова блокада или укинување, се класична манипулација од аболираното државно партиското раководство на ВМРО-ДПМНЕ, кое сака со изборите да го прикрие грабежот на народот и масовното прислушкување“, рече Трајанов.

Тој најави дека по 11 декември ќе направат царски рез во судството и ќе формираат посебно судско одделение кое ќе постапува по кривичните пријави на СЈО.

„Веќе објавивме војна против криминалот и таа војна ќе би силна, непристрасна и секој мора тоа што го украл од народот да го врати назад и да помине 10 години во “Бизнис Центарот во Идризово”, рече Трајанов.

Слободан Богоески, носител на ИЕ 4 рече дека Специјалното обвинителство мора да продолжи со својата работа.

„Тоа е орган на прогонот и симбол на народната волја за справување со криминалот на злосторничкото здружение предводено од фамилијата на власт“, рече Богоевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e