Трагедија ја потресе Македонија: Сакала да му помогне на сопругот па заминала во смрт

Шеесет и две годишната М.Ш. од струшко Враништа вчера вечерта го загуби животот откако била прегазена од семејниот автомобил, кога околу 18 часот и 20 минути во Радожда, заедно со нејзиниот сопруг тргнале да си одат од домот на С.Г.

Нејзниот сопруг не можел да го стартува автомобилот „Фиат“, па им рекол на сопругата и С.Г. да го туркааат по нагорнината по близина за да го стартува возилото, но во еден момент автомобилот почнал да се враќа назад, а кочниците не работеле. Жената била прегазена, и за жал починала на пат кон болница.

Полицијата на местото на несреќата извршила увид и по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадена на семејството за погреб.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e