Поранешниот министер Никола Тодоров вечерва во Само вистина на Канал 5 изјави дека ВМРО-ДПМНЕ има разработено линч кој функционира на социјалните мрежи.
Тој вели дека има 20-тина луѓе кои имаат лажни профили и се закануваат.
„Се креира некаква перцепција дека одредени луѓе мислат на тој начин, но тоа не е така“, рече Тодоров.
Toj вели дека ќе дојде до сериозни ситуации и луѓето може да бидат „пуштени низ вода“.
Им порача на луѓето кои слепо слушаат да внимаваат.
„Јас го знам тоа, но можеби некој не го знае и го прифаќа тоа. Така имаше закани кон Митко Јанчев. Тоа не смее да се случува“, вели Тодоров.
Тој вели дека и досега луѓето биле оставани на цедило. Тодоров рече дека никој не може да заштити никого ако се огреши пред закони.
