Тодоров: Силјановска романтичарски вели дека ќе ја поништи Преспа, тоа е невозможно

За Никола Тодоров, изјавите на кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, дека ќе го поништи Договорот од Преспа се романтичарски и невозможни и го прави тоа за да му угоди на Мицкоски.

– ВМРО-ДПМНЕ не смее да живее во историјата наместо да гледа во иднината. Како ќе го смени Договорот од Преспа, тоа е невозможно – рече Тодоров во интервју за ТВ24 и порачува ВМРО-ДПМНЕ да направи нова доктрина како модерна европска десна партија, бидејќи ваквата политика не води кон никаде.

Тодоров потврдува дека во таква модерна партија би се вратил и во иднина се надева дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде таква.

Тодоров признава дека Груевски грешел но вели дека не бил злобен. За партиската палата смета дека не прилега на модерна западноориентирана партија и е убеден дека таа и донела малер на партијата.

Нема одговор зошто тогаш кога се градела не реагирал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e