Лидерот на ТМРО, Ванчо Шехтански денеска негираше дека коалицијата „За подобра Македонија“ ја прифатила двојазичноста која е предвидена во платформата на албанските партии.
„Јавно дадените изјави на Али Ахмети и Бујар Османи, дека коалицијата „За подобра Македонија“ ја прифатила платформата на Албанските партии за редефинирање на државата со воведување на двојазичност на цела територија е апсолутна невистина, а она што е јасен став на сите коалициони партнери од сите етнички заедници е отфрлање во целост на оваа антимакедонска платформа“, вели во писмената реакција Шехтански.
Тој исто така побараа ВМРО-ДПМНЕ јавно да се произнесе за тврдењата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како и на портпаролот на ДУИ, Бујар Осамни.
„ТМРО како дел од коалицијата „За подобра Македонија“, смета дека официјално треба да се произнесе и ВМРО- ДПМНЕ, и отворено да каже дека заедничкиот став на коалицијата „За подобра Македонија“ е отфрлање на секаков вид на уцени кои се однесуваат на унитарниот карактер на македонската држава“- истакна претседателот на ТМРО Ванчо Шехтански.