ТХП: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ имаше двојни стандарди кога станува збор за граѓаните од турската етничка заедница

„Во своето 10 годишно владеење ВМРО-ДПМНЕ се постави деструктивно кон сите помалку бројни етнички заедници. Во изминатава деценија освен што немаше никаков напор, ниту пак цел да се подобрат правата и животниот квалитет на помалку бројните етнички заедници, туку за жал истите беа уназадени и сосема разнебитени.

Истата тажна слика се повторува и за турската етничка заедница. За жал, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ имаше двојни стандарди кога станува збор за граѓаните од турската етничка заедница во Македонија. Во сите сегменти од општеството Турците беа игнорирани, изолирани и заборавени. Бројот на Турците кои се вработени во државната администрација и натаму е далеку од задоволително, односно не е постигната ниту половина од оптималната бројка. Владата под палка на ВМРО-ДПМНЕ го остави НУ Турски Театар без своја зграда и без основни творечки услови. Од медиуми до култура, од образование до здравство во сите сфери Турците се запоставени.

Сметаме дека под ваквите околности и факти не само што е некоректно туку и невкусно е ВМРО-ДПМНЕ да говори како се залага за правата на помалку бројните етнички заедници. Немаме никакви проблеми со меморијата, ниту пак со интелигенцијата. Фактичката состојба говори доволно за пристапот на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните од турската етничка заедница.

Како што доаѓа крајот на режимот предводен од ВМРО-ДПМНЕ, така доаѓа крајот и на голготата на граѓаните од помалку бројните етнички заедници. Доаѓа влада која ќе се грижи подеднакво за сите граѓани на Република Македонија“ – стои во соопштението на Партијата за Движење на Турците во Македонија – ТХП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e