Тевдовски: Просечната плата се приближува до 26 илјади денари

Министерот за финансии Тевдовски истакна дека од крајот на 2018 година и во текот на 2019 годна се чувствува ефектот од растот на минималната плата за што влијание има растот на продуктивноста.

Министерот рече дека во декември 2018 година просечната плата се приближува до 26 илјади денари или тоа е скоро две илјади денари повеќе во однос на декември 2017 година.

Тој очекува позитивниот тренд да продолжи и наредниот период. Позитивен ефект се очекува и од напредокот во евроатланските интеграции, што ќе придонесат за интензивирање на инвестициската активност и раст на економијата.

Министерот за финансии вели дека Владата и понатаму ќе продолжи со мерките и политиките што се во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Извор: 21ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e