Тешка сообраќајка во Гостивар – мотоциклист се бори за живот на скопските клиники

Вчера околу 07,40 часот на локалниот пат за село Балин дол-Гостивар, случена е сообраќајна незгода во која 37-годишниот О.Е. од село Дуф, управувајќи мотоцикл „Сузуки“ удрил во дрво, при што се здобил со тешки телесни повреди-фрактура на долни екстремитети и череп.

По незгодата бил пренесен во медицинскиот центар -Гостивар, од каде поради сериозноста на повредите во неконтактибилна состојба бил пренесен во Ургентниот центар -Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полициската станица Гостивар и се работи на целосно расчистување на случајот.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e