Температури дури за 10 степени повисоки од нормалните – големо затоплување од петок

Oд петок како што веќе најавивме, под влијание на изразено јужно и југозападно воздушно струење ќе имаме ГОЛЕМ пораст на температурите кој за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени, истите ќе бидат значително над просекот и ќе бидат повисоки од нормалните дури за околу 10 степени.

Времето ќе биде умерено облачно, повремено локално ќе има позначителна облачност а има услови и за слаб локален дожд, за викендот исто така на некои места ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

По одделни котлини ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност па во ваква ситуација ќе биде и нешто постудено.

НАПОМЕНА: Поради значителното затоплување на времето ќе дојде до забрзано топење на снежната покривка, како на пониските па така и на повисоките и планинските места, ова ќе услови зголемување на нивоата на реките и на изерата во државава, има услови и за излевање на некои реки, особено оние помалите.

Инаку поради преодното разведрување, студено утро ќе имаме во петок кога минималните температури ќе се спуштат во интервалот од -7 до 1 додека во текот на денот ќе назнапи значително затоплување како што веќе и кажавме.

Подготви: Славчо Попоски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e