Теарце е клучно за Груевски да не може да се претставува како „неоспорен народен избраник“ на кого му ја украле победата

Teарце има 714 гласачи. Во поништеното гласање, за дпмне гласале 91, а за дуи 53 гласачи. 310 лица не излегле да гласаат. 243 граѓани одбрале промена.

Теарце може да го промени бројот на освоени мандати и да го доведе резултатот на 50:50. Ова нема да влијае врз формирањето на наредната Влада (едноставно нема повеќе од 60 пратеници во новиот состав кои би гласале за влада со чело на груевски).

Но, резултатите од Теарце се од клучно значење за груевски да не може да продолжи да се претставува како „неоспорен народен избраник“ на кого му ја украле победата. СДСМ, Сорос, Албанците, Америка, ЕУ… Сите.

Еден од многуте проблеми со засновањето на кампањата врз екстремно националистичка, антиалбанска и параноична реторика е што заборавија дека за формирање Влада се потребни 61, а не 51 или 50 Пратеници.

Павле Богоевски – Фејсбук статус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e