Таткото на девојчето што се удави во Вардар ќе ја тужи актерката Ирена Ристиќ

Фејсал Меџити, таткото на тинејџерката која се удави во водите Вардар во Гостивар, најави тужба против актерката Ирена Ристиќ која изминатиов викенд на својот Фејсбук профил сподели објава според која тинејџерката била убиена од својот татко.

Како мотив во нејзиниот пост ја навела трагичната љубовна врска, бидејќи се заљубила во друго момче, а била ветено за момче од Турција

-Јас сум таткото на удавеното девојче. Апелирам до сите да не го коментираат овој случај да остават институциите кои се надлежни, рече Меџити.

Тој повика на разбирање кај новинарите да не прават сензации од овој случај за кој институциите се уште немаат излезено со официјално информации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e