Таравари: Ќе се подобрува „Мој термин“

Пациенти кои со месеци чекаат за слободен термин, редици, гужва и нервоза во болничките ходници, лекари кои работат за ниски плати, под притисоци и со страв од казни.

Ќе успее ли, прашува ТВ24, новиот министер да ја смени моменталната слика во здравството? Арбен Таравари и самиот доаѓа од лекарската фела, со што одблиску е запознаен со проблемите на ресорот кој ќе го води.

Најавува неколку итни реформи со кои смета дека ќе се поодобрат состојбите во здравствениот систем. Еден од првите чекори кои ќе ги преземе е укинување на негативниот учинок. Наместо да казнува, вели дека ќе ги наградува најуспешните лекари. Средствата ќе се двојат од платите на економските директори на клиниките, кои пак ќе ги прераспредели на друга функција, изјави Арбен Таравари – Министер за здравство.

Промени ќе има и во електронскиот систем Мој Термин. За утре е закажана средба на министерот со претставниците, на која ќе се разгледуваат слабостите во системот.

„Јас не сум за тоа насекаде да има по два директори, но повторно ќе треба со правниот тим да ги разгледаме можностите и тие пари за вториот директор, тие пари да одат за неколку успешни доктори.“, изјави Арбен Таравари – Министер за здравство.

Таравари вели дека ќе продолжи да работи и како лекар и на тој начин постојано да биде во комуникација со пациентите. Во својата прва изјава пред медиумите рече дека само со задоволни лекари ќе има и задоволни пациенти кои се осонвата на секое здравство. Пред неврологот стојат низа предизвици и очекувања.

Дали ќе успее да овозможи квалитетни здравствени услуги на пациентите или ќе го следат низа контроверзи како својот претходник Никола Тодоров, останува времето да покаже.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e